Гир: Политичките партии да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации

Од:

Наративот е да имаме добри демократски избори во Северна Македонија. Минатото изборно досие е многу успешно и се надеваме дека различните политички партии и различните кандидати ќе понудат јасен избор на електоратот. Апсолутно треба да се спречи таа поларизација и дезинформации и да работиме на мирни, колаборативни изборни процеси што ќе бидат една успешна сторија, без разлика кој ќе победи на изборите.

Ова вечерва го порача евроамбасадорот Дејвид Гир на настанот организиран од Европското движење на кој беа презентирани приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ од страна на амбасадорот на Белгија во Северна Македонија со седиште во Софија, Фредерик Мерис.

Гир истакна дека многу од приоритетите на белгиското претседавање се многу важни и во Северна Македонија, како на пример како се справуваме со зелената транзиција, владеење на правото, социјалната транзиција…

-Изборите ќе доведат до формирање нова влада и таа ќе мора да се справи со сите овие приоритети и предизвици. Граѓаните ќе очекуваат резултати во справувањето со борбата против корупцијата, правната држава, реформата на јавната администрација ќе биде главен проблем на секоја влада што ќе дојде. Имаме неколку патокази за реформите во правосудниот сектор, реформите во јавната и државната администација, имаме извештај од скринингот, каде што се детектирани различни проблеми, како и оценувачка мисија од ЕК. Сето тоа се очекувања дека треба да се оди напред, нагласи Гир.

Евроамбасадорот повторно потенцираше дека апсолутно е непходен фокус на реформите во земјава.

Напомена дека секое одлагање на евроитегративниот пат на Северна Македонија има последици по земјата и по регионот и посебно се ризикуваат досегашните достигнување на земјата во кои што меѓународната заедница инвестираше.

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и пратеник од ДУИ Арбр Адеми, истакна дека политиката на проширување останува едно од најуспешните политики на ЕУ од формирањето па досега.

-Тоа е најголемата инвестиција што може да се направи во обезбедување на мир, стабилност просперитет и како двигател на демократијата и негување на европските вредности во целиот континент. Секако дека кај нас се соочуваме со одредени предизвици. Ние знаеме дека, а единствениот услов за продолжување на европскиот пат на нашата земја, на Северна Македонија, се и остануваат уставните измени, рече Адеми.

Според него, сега е моментот кога е потребно да се формираат проевропски сили, за да не се дозволи отстапување од овој курс, преземајќи ја без одлагање одговорноста се со цел да не се пропушти нашата шанса и успешно да се заврши овој витален процес за идните генерации.

-Треба да се има предвид дека отворањето на кластери во преговорите со ЕУ е клучна точка пред нас чија единствена задача е промени во Уставот каде ќе се додадат повеќе народи кои покрај бугарскиот народ, ќе бидат опфатени и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот, рече тој.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски напомена дека државата е мала, а во исто време и комплексна. Поради тоа во иднина треба голема улога да се дава на политичките сили кои што не се во Владата и не се во мнозинството особено за значајни сектори.

Во однос на владеење на правото, тој предложи два добри примери кои што се индиректно поврзани со владеење на правото. Едниот е Антикорупциската комисија, а вториот е Комисијата за заштита од дискриминација. Двете комисии се бираат на начин со заеднички поделена улога и на власта и на опозицијата и граѓанското општество.

Пратеничката од СДСМ Санела Шкриељ, нагласи дека скринингот само го потврди тоа дека ние имаме капацитети во администрацијата, дека имаме луѓе коишто знаат и коишто се посветени.

-Мислам дека треба да престанеме да се потценуваме во тој дел и да го смениме тој наратив дека ние немаме капацитети, дека ние неможеме успешно да го водиме преговарачкиот процес. Можеме. Отсекгоаш сме имале луѓе коишто и покрај сите предизвици и покрај тоа што овој процес навистина трае предолго. Во многу ситуации не по наша вина, дека имаме луѓе коишто се уште се посветени и коишто имаат знаење и од коишто земјите коишто се сега членки на ЕУ на самиот старт учеле и учат. Значи проблемите ги правиме ние политичарите. Има луѓе и во граѓанското општество коишто многу добро ја знаат оваа проблематика, рече Шкриељ.

Би можело да ве интересира

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

Горан Наумовски

Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Македонија

Скопската Итна помош доби седум амбулантни возила како донација од ЕУ

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска

Гир: Во изборниот период важно е медиумските актери да известуваат на отворен и непристрасен начин