Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
„На средбата беше констатирана одличната соработка која во континуитет се одржува од страна на Европската Унија, а која ќе продолжи и во периодот што следи пред одржувањето на престојните парламентарни избори. Амбасадорот Гир изрази безрезервна поддршка за новоизбраниот претседател на Собранието и на
институцијата во целост, која, како што нагласи, ќе продолжи и во следните месеци, со цел заокружување на незавршените активности и законодавни постапки поврзани со реформските обврски, кои произлегуваат од нашиот евроинтегративен пат“, извести собраниската прес служба.