Гинекологија за случајот со почината пациентка: Постапено е по сите протоколи

Од:

На Клиниката за гинекологија и акушерство синоќа почина пациентка на возраст од 38 години со шеста високоризична бременост која била примена вчера со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела (6-ти месец) со прснат воденик при што истекуваше гнојава содржина од утерус и истата имаше непријатен мирис, како и сите тешки знаци на инфекција.

Од Клиниката соопштија дека со пациентката било постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози и анестезиолози од таа јавна здравствена установа и анестезиолози од Карил, како и на раководниот тим на Клиниката. Семејството на пациентката, посочуваат од Клиниката, беше во целост навремено информирано за состојбата на пациентката.

И покрај сите заложби на персоналот за жал дојде до смртен исход. Членовите на Комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената заштита итно се состана за овој случај со цел да се направи увид во овој случај по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури, стои во соопштението од Клиниката.

Од Клиниката апелираат средствата за јавно информирање и пошироката јавност до добивањето на обдукцискиот наод од релевентните институции како доказ за дефинитивна причина поради која настапила смртта, да не објавуваат шпекулации во врска со случајот кои дополнитено би ја вознемириле јавноста и семејството.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните