Гимназијата „Љупчо Сантов“ од Кочани ќе соработува со универзитетот од Нова Горица, Словенија

Од:

СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани потпиша договор за соработка и збратимување со универзитетот од Нова Горица, Република Словенија. Словенечки професори го посетија средното училиште, ја претставија наставната програма пред матурантите и понудија одлични услови за запишување на нивната високошколска установа.

Од гимназијата во Кочани планираат да ги користат интелектуалните ресурси на словенечкиот универзитет што има пет студиски програми – винарство, природни науки, инженерство и менаџмент, уметност на науките и астрофизика.

– Освен наставните програми, планираме да ги искористиме и нивните летни школи, во кои веќе се вклучени средни училишта од Италија, Босна и Херцеговина и уште едно училиште од Македонија. Договоривме нашите ученици да ги искористат словенечките ресурси и образовни искуства, особено од областа на менаџментот и астрофизиката, рече Игор Христов, в.д директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Во рамки на соработката меѓу двете образовни установи се очекува наскоро заеднички да аплицираат за проекти од областа на образованието што се финансирани од фондовите на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот