Ги поткреваат автомобилите за да соберат повеќе бензин, жители на Албанија по гориво доаѓаат во Струга

Од:

За да купат некој литар повеќе гориво, жители на Албанија на струшките бензински го креваат задниот дел од автомобилот. На бензинските покрај пумпите за гориво има опрема за едно тркало да се поткрене, за да може бензинот да навлезе во цевките, па покрај резервоарот и тој простор да се наполни со бензин. Опремата е всушност дрвен подметнувач кој бензинарите го доближуваат до едното тркало и автомобилот се качува по него. Има две димензии подметнувачи – еден помал, за автомобили и еден поголем за погабаритни возила.

Покрај пумпите за точење гориво на бензинските има дрвени подметнувачи за поткревање на автомобилите

„Веројатно немаше ни да го забележиме овој начин за полнење гориво, но возачот при првиот обид не го погоди добро со тркалото дрвениот подметнувач, па со силен тресок дрвото излета и ни го привлече вниманието. Вработените на бензинската воопшто не се вознемирија. Велат дека тоа често се случува. Во Албанија им било поскапо горивото, па затоа доаѓаат и полнат гориво кај нас. Ги користат сите начини да наполнат повеќе гориво“, вели скопјанец кој го забележал невообичаениот начин за полнење гориво.

Според објаснувањето на вработените на бензинската, еден поткренат автомобил собирал пет до седум литри повеќе бензин.

Литар бензин во Албанија е за околу 20 денари поскап отколку кај нас.

Би можело да ве интересира

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Поскапува бензинот

Горан Наумовски

Поскапуваат горивата

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он