Гевгелиското обвинителство побара парични казни за 12 лица за непочитување на полициски час

Од:

Гевгелиското обвинителство побара парични казни во висина од по 1 000 евра за дванаесет лица за нарушување на полицискиот час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот, стои во соопштението од ОЈО.

За обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив висина од по 10 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес