Гевгелиско без струја и вода денеска во одреден временски период

Од:

Поради планирани активности за интервенции во мрежата на АД МЕПСО денеска од 9 до 17 часот,во одредени временски интервали без електрично напојување ќе биде речиси целиот југоисточен регион поради исклучувањата на 110 киловолтните далекуводи во Гевгелија и Валандово.

Според планот за редукција од 9 до 15 часот без струја ќе биде западниот дел од градот Гевгелија и делови од Богданци, Миравци, Удово, Нов Дојран, Николич, Црничани, Фурка, Богородица, Мрзенци, Ѓавото и подпланинските населени места на Кожуф.

Од 13 до 17 часот без струја ќе биде источниот дел од градот Гевгелија, Стар Дојран, Моин, Ново Конско, Стојаково и Селемлија.

Од секторот за водовод при јавното комунално претпријатие „Комуналец“ соопштија дека поради прекинот на струјата денеска од 9 до 13 часот без вода за пиење ќе бидат потрошувачите од Богородица, конзервната фабрика „Пајдаков“, казината „Сенатор“, „Принцес“ и „Фламинго“, бензинската пумпа на „Лукоил“, граничниот премин „Богородица“ и селата Стојаково и Селемлија.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ