А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Гевгелија со нова автобуска станица

by А1он01/08/2013 - 13:06195
Share0

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваше на свеченото предавање во употреба на новата автобуска станица во Гевгелија за чија изградба беа инвестирани 12 милиони денари од буџетот на Општината.

Добивај вести на вибер

– Ова е само еден од многуте проекти што градоначалникот Франгов ги вети и ги реализира. Автобуската станица значи многу за подобрување на услугите кон граѓаните и затоа Владата и во иднина ќе ги поддржува проектите што ќе го подигаат квалитетот на животот, рече во своето обраќање министерот Јанакиески.

Следен голем предизвик, подвлече, е решавањето на проблемот со вода за пиење во Гевгелија.

– Парите за проектот се обезбедени и се надевам дека многу брзо ќе почне реализацијата, посочи Јанакиески.

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов изрази задоволство што се реализира еден од проектите што беше на неговата приоритетна листа.

– Со новата автобуска станица Гевгелија исполни уште еден услов за добивање модерен транспортен центар. Станицата ќе го растовари градскиот сообраќаен метеж затоа што автобусите нема повеќе да влегуваат во градот. Таа ги задоволува и оптималните потреби од простор за паркирање, така што моментно е целосно функционална, рече Франгов.

Изградбата на автобускат астаница, како што нагласи, е потврда дека општината продолжува со финализирање на проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, што е нејзина примарна цел.

gevgelijatransport

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

Горан Наумовски25/09/2025 - 16:25

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:12

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:1425/09/2025 - 12:59

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

Горан Наумовски15/09/2025 - 14:00

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:2008/08/2025 - 13:27

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен