Гевгелија и Сежана ја интензивираат соработката

Од:

Во дводневна посета на Гевгелија денеска пристигна градоначалникот на збратимената општина Сежана од Словенија, Даворин Тренчон.

Тренчон и неговите соработници остварија средба со градоначалникот Сашо Поцков.

Двете општини имаат слични компаративни предности кои произлегуваат од фактот дека се погранични места во кои најмногу се развиени казино-туризмот и услужните дејности, информира Поцков по средбата.

– Договоривме поблиска соработка на спортски и културен план, а во иднина се надевам и на полето на стопанските дејности. Задоволен сум што можеме да ги користиме искуствата на Сежана во користењето на европските фондови за кои најдобра потврда е податокот што оваа општина пред Словенија да стане членка на ЕУ од европските фондови има добиено 20 милиони евра за различни проекти, рече Поцков, додавајќи дека би сакал да го примени и искуството на Сежана со бизнис инкубаторот кој дава одлични резултати преку поддршката на малите и средни претпијатија.

Тренчон на нагласи добрата соработка со Гевгелија, особено на полето на културата.

– Разговаравме соработката да продолжи не само на културен, туку и на спортски план. Особено ќе инсистираме да се прошири и на образовно поле со размена на ученици во рамки на европската програма „Еразмус плус“. Договоривме и размена на некои добри практики на стопански план преку трансфер на знаења, технологија, бизнис знаења и средби на стопантвеници. Посебно се фокусиравме на можноста за заедничко учество на Сежана и Гевгелија во проекти од европските фондови зашто сметам дека нашето искуство ќе биде од голема полза за двете општини, изјави Тренчон.

Би можело да ве интересира

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

А1он

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Јанша: „Нашето општество сè уште е подложно на пропаганда“

Загина 44 годишник по пад во бездна во Словенија – се обиде да го спаси синот

А1он

(ВИДЕО) По четири години уапсен во Љубљана: Американец обвинет за убиство на 15-годишна девојка во Тенеси

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски