Гевгелија ќе учествува во проект за справување со бегалските кризи

Од:

Општина Гевгелија како партнер ќе учествува во имплементација на проект за справување со бегалските кризи кој во рамки на програмата „Европа за граѓаните“ финансиски е поддржан од ЕУ, со грант во износ од 145.000 евра.

Од општината посочија дека проектот претставува силно партнерство составено од девет локални власти и граѓански организации меѓу кои грчката општина Пеонија како водечки партнер, општина Гевгелија од Македонија и општина Бриндизи од Италија, како и шест граѓански организации од Грција, Бугарија, Италија, Малта и Шпанија лоцирани на копнени или морски граници каде што сите споделуваат слични искуства при приемот на бегалците.

Општина Гевгелија ќе соработува со сите партнери за заеднички развој, управување со проектот, како и планирање и спроведување на проектните активности за кои веќе го има докажано своето европско искуство преку успешно спроведување на прекугранични проекти.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина