Гевгеличани донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“

Од:

На два пункта во Гевгелија од кои едниот во центарот на градот, а другиот во дворот на општинскиот Црвен крст, денеска гевгеличани донираат храна во рамки на хуманитарната акција „Нахрани 10.000“, која се одржува во уште девет градови во Македонија.

Инаку, на 33 пунктови во 10 градови низ Македонија денеска се одржува првиoт настан од оваа национална хуманитарна акција за собирање храна. Акцијата ја организира мрежата „Сите сити“, која е дел од граѓанската инцијатива „Мрдни со прст“.

Според податоци од асоцијацијата „Ајде Македонија“, околу 450.000 граѓани во нашата земја имаат проблем да обезбедат редовна исхрана за себе и своите семејства.

– Храната е основно човеково право, а јас верувам дека граѓаните на општина Гевгелија се хумани луѓе што впрочем досега го имаат покажано и во минатото.Искрено се надевам дека безрезервно ќе ја подржат и оваа акција и дека ќе донираат за нашите сограѓани кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно,рече Димитар Вегов,секретар на гевгелискиот Црвен крст.

Пунктовите во Гевгелија ќе бидат затворени во 19 часот, а до тој момент сите хумани граѓани ќе можат да донираат храна која не е лесно расиплива.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он