Германско-француска комеморација во Битола

Од:

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост (Volkstrauertag), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија денеска на Француските воени гробишта во Битола одржаа помен посветен на сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

Во знак на помирувањето на двете држави и како доказ за француско-германското пријателство, во присуство на претставници на државните и локални власти, на дипломатскиот кор и на здруженија, амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер на француските воени гробишта во Битола рече дека овој ден е ден за сеќавање на жртвите од уништувачкиот 20.век.

– Во Европа долги години постоеше надеж па дури и цврста верба дека континентот извлече цврста поука од исуствата на уништувачкиот век. Слободна Европа, здружена Европа, сплотена Европа е одговорот за да не се повторуваат злосторствата врз човештвото. За жал денес се соочуваме со други, многубријни кризи што секојдневно ни се случуваат и не оставаат без здив. Секој ден демнат опасности од тероризмот и други проблеми кои заеднички треба да ги решаваме одговорајќи соодветно на предизвикот, рече меѓудругото амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер, на денешната традиционална комеморација на француските гробишта во Битола што се одржува по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ