Германскиот пратеник Зарацин во посета на Македонија

Од:

Пратеникот во Германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија каде со официјални претставници на Владата и политичките партии ќе разговара за актуелната политичка состојба.

Како што соопшти амбасадата на Германија во земјава, за актуелната политичка состојба Зарацин ќе разговара со премиерот за спроведување на предвремените избори Емил Димитриев, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и со претставници од други политички партии во земјата.

Зарацин ќе разговара, исто така, и со претставници од ОБСЕ и делегацијата на ЕУ во Скопје.

Пратеникот во германскиот Бундестаг Мануел Зарацин е член на партијата Сојуз 90/Зелени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД