Германскиот пратеник Тобијас Цех поднесе оставка затоа што земал пари за лобирање за Груевски

Од:

Уште еден пратеник од конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел поднесе оставка по информација во списанието „Шпигел“ дека зел пари во замена за лобирање за политичка партија од Македонија.

Според изданието, Тобијас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, во 2016 година добил петцифрена сума за да ја советува партијата на Груевски.

Понатаму се наведува дека Цех, исто така, лично водел кампања за Груевски, кој подоцна беше осуден за корупција и побегна во Унгарија.

Блокот Меркел веќе изгуби тројца пратеници поради скандалите околу договорите за набавка на заштитни маски.

Би можело да ве интересира

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он