А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Германскиот Бундестаг денеска ќе даде зелено светло за преговорите

by А1он26/09/2019 - 07:39317
Share0

Германскиот Бундестаг денеска и официјално треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија, а на седницата по покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој вчера во Берлин имаше средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристијан Петри од втората по големина политичка групација – партијата СПД.

Османи и Петри разговараа за поддршката за одлуката за старт на преговорите, а вицепремиерот по средбата истакна дека добил охрабрувачка порака од германскиот пратеник.

– Нова, охрабрувачка порака денеска ми пренесе г. Петри, дека и од пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. Утре е седницата на Бундестагот каде што се наоѓа нашата точка и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа „за“ на европскиот самит во октомври, изјави Османи по средбата со Петри, изразувајќи благодарност за поддршката.

Следете a1on на Youtube YouTube

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД завчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените. Одлуката била донесена на состанок на коалициските партнери во германската Влада.

ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

За почнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата кон средината на следниот месец.

Оптимизам дека на Самитот на ЕУ во октомври ќе биде донесена позитивна одлука за старт на преговорите вчера изрази германскиот амбасадор Томас Герберих.

– Сите ја чекаме оваа одлука на Советот на ЕУ и навистина сум повеќе од оптимист дека тоа ќе биде јасно гласање за почнување на преговорите за членство во ЕУ. И покрај сите тешкотии и сите недостатоци што сè уште опстојуваат, Северна Македонија создаде успешна приказна на Западниот Балкан, особено во однос на тоа регионот да стане меѓусебно поблизок. Во изминатите три години Република Северна Македонија ги затвори сите отворени прашања со соседите, рече Герберих вчера на конференција посветена на перспективите на изборните реформи.

Тој посочи дека Северна Македонија со Преспанскиот договор направила голем пресврт со историски димензии и оти овој договор треба да биде пример во светот. Според него, сега е важно државата да се посвети на реформите што Собранието претходно ги има усвоено и за кои има гласано и опозицијата.

eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео