Германски експерт во Охрид одржа практични предавања за нови процедури во третман на периферните артериски заболувања

Од:

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид изминатите два дена се одржа едукативен настан на кој како главен предавач и едукатор беше д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин, еден од најпознатите доктори на континентот од областа на интервентната кардиологија.

Кардиолози од Заводот, како и нивни колеги од Србија, Бугарија и Романија од различни специјалности разменуваа искуства и учеа нови процедури за третман на периферните артериски заболувања.

– Ова секако се корисни настани и наш препознатлив начин на стручна едукација, и преку стручна дискусија заземање заеднички ставови за периферната артериска болест, изјави д-р Елена Коваческа Башуроска, директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид веќе втора година организира ваков едукативен настан со пренос во живо од оперативна сала, како најсовремен метод за пренесување знаења во медицината. Предавањето на д-р. Лнагоф можеа да се следи и преку Интеренет надовр од самиот Завод.

Еспертот од Германија со високи оценки за кадарот на охридскиот завод за кардиологија, со докажано високи ниво на познавања и вештини во работата.

– Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури. Потрошниот материјал за овие процедури е доста скап, но болницата ги поседува. Нивото на искуство и способности на докторите од оваа болница се многу добри. Нивото на едукација е многу високо теоретски и практично, изјави Ланхоф.

Кардиологот д-р Никола Бакрачески со оценка дека регионално Заводот за кардиологија во Охрид е лидер во воведувањето модели за континуирана медицинска едукација.

– Ова е практична работилница на која се пренесуваат знаења за техники и вештини. Ние реално работиме врз пациенти, вршиме интервенции кои ги гледаат учесниците и на интерактивен начин разменуваме знаење, рече Бакрачески, шеф на Одделението за интервентна кардиологија во Заводот.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска