Германската амбасадорка Алтхаузер во посета на Општина Битола

Од:

Градоналчалникот на општина Битола Владимир Талески оствари средба со амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

На средбата главен акцент беше ставен на инвестицијата во индустриската зона „Жабени“ на германскиот гигант „Кромберг и Шуберт“.

– Очекувам оваа инвестиција да продолжи со проширување на капацитетот на „Кромберг и Шуберт“ или изградба на уште еден нов. Ние прифативме да ги исполниме нивните барања и да се направи уште еден пристапен пат до фабриката „Кромберг и Шуберт“, истакна градоначалникот Талески.

На денешната средба се разговарало и за соработка во делот на културната размена.

– Иницијативата на канцеларката Меркел во 2014 година вроди со плод на т.н. Младинска организација за култура на Југоисточна Европа, според француско – германскиот модел. Оваа година во Виена, а наредната 2016 година во Париз ќе се развие идејата овој регион да доживее повторна културна размена која историски ја познава од минатите децении, истакна амбасадорката Алтхаузер.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ