Германската амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Од:

Германската амбасада соопшти дека како последица на прогресивното ширење на коронавирусот (Ковид-19), ги затвора веднаш на неопределено време конзуларното одделение, вклучително и Визното за посетители.

Како што информираат од Амбасадата, сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.

За лицата кои имаат исклучиво германско државјанство и нивниот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, се замолуваат да ги контактираат по мејл на [email protected]., а на мејлот да приложат копија од пасошот и/или личната карта.

-Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини. Жалиме за ограничувањата и Ве молиме за разбирање за овие неопходни мерки!, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски