Германија донира маски за македонските затвореници

Од:

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн, заедно со г-ѓа Маша Бубањ од организацијата ,,Help – Hilfe zur Selbsthilfe’’ предаде донација финансирана од страна на Сојузната Влада, за имплементирање на мерки за заштита од Ковид-19 на Директорот на Управата за извршување на санкции во Министерството за правда, г.Јовица Стојановиќ, информираат од Амбасадата.

Донацијата е предвидена за КПД Идризово, КПУ Затвор Охрид, ВПД Тетово и КПД Штип, а е дел од соработката меѓу организацијата „Help“ и Управата за извршување на санкции како и Македонското пенолошко друштво во рамките на регионалната проектна компонента ,,Improvement of the treatment programmes in correctional institutions“.

Донацијата се состои од 4.126 ФФП2 заштитни маски како и 30 комуникациски уреди и има вкупна вредност од 21.996 евра.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски