Германците дадоа мислење како настанал пожарот во тетовската болница, извештајот се преведува

Од:

По четири месеци чекање, пристигна извештајот од германските експерти, кои дадоао свое мислење како настанал пожарот во тетовската модуларна болница. За овој извештај, Обвинителството велеше дека е важен сегмент од истрагата, за да се дојде и до точните виновници за пожарот во кој 14 пациенти кои се лекуваа од коронавирус го загубија животот. Ова значи дека предметот е се поблиску до јавнообвинителска одлука. Сега, извештајот ќе се доведе во корелација со останатите докази кои ги прибраа македонските истражители и тимови, а преку кои се констатираше дека спој на струја за време на реанимација на пациент е причината за избивање на пожарот.

dobivaj vesti na viber

„До Основното јавно обвинителство Тетово пристигна извештајот од вештачењето што преку меѓународна правна помош беше побарано од германските експерти. Откако ќе биде преведен извештајот, наодите ќе бидат детално анализирани во корелација со другите прибрани докази во предметот, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Германското вештачење е побарано преку меѓународна правна помош, што би значело дека тоа ќе може да се употреби и во евентуална судска постапка.

Досега, завршени се три вештачења. Првото е направено од Министерството за внатрешни работи, од кое се утврди дека спој на струја за време на реанимација на пациент прегреал продолжен кабел по што настанал пожарот. Второто е од Технолошкиот факултет, за кое нема детали до какви сознанија е дојдено и третото е направено од електроинженер околу инсталациите во болницата.

Во страотниот пожар кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, со себе однесе и 14 животи на пациенти кои се лекуваа од коронавирус, но и членови на семејствата кои биле внатре. 14 лица, беа спасени пред објектот целосно да изгоре.

Би можело да ве интересира

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021

Нема одговор чија е вината за пожарот во тетовската модуларна болница, се сослушуваат сведоци додека да стигне германското вештачење

Кристијан Ландов

Семејствата на загинатите во пожарот во Тетово добија еднократна парична помош од Црвениот крст

Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

А1он

Извештајот од Германија за модуларната болница не е доставен, а не се откриваат ни кои се осомничени за пожарот

Кристијан Ландов