Герферих: Северна Македонија треба да добие датум за преговори

Од:

Република Северна Македонија треба да добие датум за преговори. Во претходните две години, државата и Владата направија се што е потребно. Мислам дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори, изјави денеска германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих.

Тој смета дека најдобро би било Северна Македонија и Албанија заедно да влезат во Европската Унија, но додаде дека доколку е потребно треба да се размисли за раздвојување за да не се казни една држава поради неисполнувањето на друга држава.

– Јас мислам дека најдобра идеја би било да влезат заедно во Европската Унија. Многу е важно Западен Балкан како регион да има заеднички пакет, но доколку е потребно треба да размислуваме и за раздвојување со цел да не казниме една земја поради неисполнувањето на друга држава. Сепак е процес за кој треба земјите членки да размислуваат, истакна Герберих, одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Запознај ја Преспа“.

Според него, Преспанскиот договор е договор од историски размери кој е многу важен за целиот регион, а во однос на тоа дали ќе има политичка криза доколку земјата не добие датум за преговори, изрази мислење дека премиерот Зоран Заев нема да даде оставка, оценувајќи дека во изминатите две години сработил добра работа.

– За стабилност на земјата потребно е да остане оваа Влада и да не се планираат нови избори, оцени Герберих.

Изрази задоволство што заедно со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние се поканети на настан што се случува токму на денот на одбележувањето на годишнината од Преспанскиот договор.

Францускиот амбасадор Тимоние прашан дали се загрозува Преспанскиот договор доколку следните избори во Грција ги добие Киријакос Мицотакис, со порака дека не е време за борба, туку за работа.

– Треба да направите нови реформи, а потоа ќе видиме што може да се направи, рече Тимоние.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ