Герасимовски: Започнува реконструкцијата на улиците „Дебарска“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“

Од:

Во насока на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, вклучително и нормализирање на сообраќајот во Дебар Маало, од понеделник започнува реконструкција на улиците „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“, соопштува општина Центар.

Како што информира Општината, на улицата „Дебарца“ ќе се реконструира коловозот на површина од 1500 м2 и ќе се постават нови рабници на тротоарите, во должина од 450 метри. Улицата „Црвена Вода“ ќе добие нов коловоз на површина од 650 м2 и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 400 метри, а реконструиран коловоз ќе добие и улицата „Партизанска“, на површина од 1300 м2, со нови рабници од двете страни, во должина од 500 м2.

„Со овие три реконструкции на жителите им овозможуваме одвивање на сообраќајот по нов коловоз, истовремено водејќи сметка и за добросостојбата на пешаците и велосипедистите. Со реконструкциите ќе продолжиме и во идниот период, со цел создавање на безбедна и функционална сообраќајна мрежа на територијата на цела општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Реконструктивните зафати на „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“ ќе завршат кон крајот на месец мај, а наредни улици за реконструкција се „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, „Ристо Шишков“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата