Герасимовски: Започна реконструкција на платото пред Зелениот пазар

Од:

Општина Центар продолжува со санација на оштетените плочници кај Градски ѕид. По завршената реконструкција зад Блок 2, во тек е ревитализација на платото пред Зелениот пазар. Станува збор за замена на општетените и искршени терацо плочки на околу 500 метри квадратни кои поради дотраеноста довеле до прокиснување во подземните гаражи. Од тие причини, во овој градежен зафат е предвидено вадење на сите слоеви до армирано бетонската плоча и поставување нова хидроизолација, порамнителен слој и нови гранитни плочки, известува општината.

„Конечно, по долго време, со оваа санација плочникот ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобрат неговата функција и квалитет и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на жителите на Општина Центар“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски и истакна дека ова е само уште едно реализирано предизборно ветување.

Вкупната вредност на овој зафат е 5.093.470 денари, а санацијата ќе трае до крајот на април 2023 година. Со обновата на плочникот ќе се зголеми и безбедноста на движењето на пешаците околу Зелениот пазар но и ќе се забрани и поставување на дивите пазарџии кои го нарушуваа слободниот простор за пешаци и ги узурпираа јавните површини, соопштува општина Центар.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он