Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало. Теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

„Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи“, вели Герасимовски.

Градоначалникот Герасимовски вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители. Односно до општината да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба но на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението.

Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата