Герасимовски: За еден месец изречени 90 прекршочни казни на Зелено пазарче

Од:

Акциите на Секторот за инспекциски работи за расчистување на нелегалните препродавачи во околината на Зелениот пазар се спроведуваат во континуитет веќе месец и половина.

Овој пат и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им се придружи на комуналните инспектори и редари од општинскиот сектор за инспекциски работи и заедно со припадниците на МВР вршеа контроли во реонот на Зеленото пазарче.

„Инспекциските контроли на нелегалните препродавачи веќе даваат конкретни резултати. Ги нема расфрланите отпадоци, ослободени се јавните површини и граѓаните можат слободно да се движат и да си ги завршуваат секојдневните обврски. Жителите од нас бараат да се справиме со препродавачите, тоа го дискутиравме и на средбите со граѓани, го дискутиравме и со раководството на ‘Скопски пазар’ и мислам дека сме на добар пат кон конечно решение. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, сѐ до конечно менување на навиките на препродавачите“, изјави Герасимовски.

Комуналната инспекција почнувајќи од февруари спроведе серија засилени инспекциски акции на локации околу Зелен пазар, со цел санкционирање на лицата кои што препродаваат производи на зелена површина, пред зградите и на тротоарите околу пазарот. Постапувајќи по пријави на граѓани за продажба на производи на јавна површина на затекнатите нелегални препродавачи од комуналните редари им се изречени казни во висина од 150 евра. Во изминатиот месец, по спроведените акции во околината на Зеленото пазарче, изречени се 90 прекршочни платни налози согласно Законот за јавна чистота.

Засилените инспекциски контроли на комуналната инспекција ќе продолжат и во наредниот период, на повеќе локации во Општина Центар, секаде онаму каде што се појавуваат вакви проблеми.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата