Герасимовски: Тече акцијата за пролетно чистење на паркиралиштата во Центар

Од:

Служибте од ЈП „ПОЦ“ задолжени за одржување на хигиената на терторија на Општина Центар спроведуваат акција за расчистување на улиците и јавните површини информираат од Општина Центар.

„Во тек е пролетното уредување и детално чистење на сите паркиралишта. Деновиве од отворениот простор на паркингот кај Домот на Армијата беа отстранети стари и искршени клупи, прозори, стакла и друг отпад кои ја грдеа сликата пред влезовите на зградите“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– Во акцијата вработените од ЈП „ПОЦ“ на повеќе локации го расчистуваат сметот, а по обилното миење со цистерната граѓаните добиваат чист и слободен простор за паркирање, без препреки. Акцијата за расчистување на јавните површини ќе продолжи и во наредните денови и на други локации се вели во објавата од Општината.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он