Герасимовски: Со одлуката за начинот за употреба на механизирани паркинг системи го решаваме хаоосот со паркирањето во градежните парцели во Центар

Од:

На денешната 14-та седница, покрај останатите точки, на предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот ја донесе и Одлуката за доуредување на начинот на обезбедување паркинг места во рамките на градежна парцела со употреба на механизирани паркинг системи.

Со оваа одлука се пропишува начинот на обезбедување паркинг места со употреба на механизирани паркинг системи (т.н. „клацкалки“) во рамките на градежните парцели. Механизирани паркинг системи се сите видови на машински потпомогнати системи со кои се обезбедува подигање и/или спуштање на возила со цел искористување на просторот под, односно над друго возило како дополнително паркинг место, а притоа не претставуваат градежни структури, известува Општина Центар.

Со одлуката се забранува употребата на механизирани паркинг системи со повеќе од две нивоа, а нивната употреба се ограничува во рамки на градежната парцела, односно во делот кој е предвиден за градење, каде што системите може да се поставуваат на приземното ниво и во подземните нивоа.

„Оваа одлука неколку месеци ја разработуваме, за да можеме да ја образложиме и претставиме пред Советот. Најголем проблем се зградите и паркинзите таму, а наше е да имаме законски увид. Со оваа одлука решаваме еден голем проблем, а размислуваме да се формира комисија за домување, која за задача ќе има по градењето да врши увид на терен, да види што се случува со паркирањето и дали се користат механизираните системи“, изјави на седницата градоначалникот Герасимовски.

Во градежните парцели со површина до 1000 метри квадратни, дозволена е употреба на механизирани паркинг системи доколку најмалку 50% од потребниот број на паркинг места се обезбедени без механизирани системи, а за оние парцели со површина од над 1000 метри квадратни дозволена е употреба доколку најмалку 90% од потребниот број на паркинг места се без паркинг системи, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата