Герасимовски: Реконструкција на уште еден станбен објект во Центар

Од:

Општина Центар започна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на бул. „Илинден“, со површина од 2.200 квадратни метри. На овој потег, во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда што покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик што ќе го збогати целокупниот амбиент.

„Ќе се задржи нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Реконструкцијата подразбира поставување термичка изолација врз целата фасада, како и изведување на други градежно-занаетчиски работи што се неопходни за нејзина реализација (лимарски работи, демонтажа на уреди за ладење и греење, натстрешници, решетки и сл.). Рокот за извршување на работите е до крајот на јуни оваа година.

За реализацијата на овој проект Општина Центар одвои 70 % од вкупната инвестиција, а 30 % се инвестиција на Заедницата на сопственици на станови на бул. „Илинден“ бр. 81.

Општина Центар наскоро ќе објави и нов Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрaчјето на Општина Центар за субвенционирање на реконструкција на фасади. За оваа намена од Буџетот се издвоени околу 7.000.000 денари.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата