Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

Од:

Поддршката за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Горан Герасимовски од ден во ден, сѐ повеќе расте. Вчеравечер, голем број на граѓани присуствуваа на отворањето на вториот промотивен штаб кој се наоѓа на бул. „Партизански Одреди“ спроти Градежниот факултет.

Герасимовски, пред присутните граѓани, истакна дека овие локални избори се борба за достоинство, за работливите, за чесните, за сите граѓани кои го сакаат Центар.

„Ова е борба за прогресивното, за културното, за почитување на традиционалното, за уважување на човекот, на вистински начин. Решив да се кандидирам затоа што имаме резултати, затоа што е потребно да продолжиме заедно, за да Центар биде уште подобро место за живеење. Во Центар ја направивме самостојно најдобрата градинка. Во Центар ги имаме најсовремените реновирани училишта. Во Центар обновивме преку 24 улици. Подигнавме нови паркови, направивме нови детски игралишта. Центар е место на културата, на муралите, на новата и вистинска градска култура. Центар што го сакаме е чист, безбеден, зелен и хуман. Во Центар на прво место е граѓанинот и неговите потреби и барања“, рече Герасимовски.

Тој, најави низа проекти коишто ќе отпочнат по победата, како нова административна зграда каде што граѓаните ќе имаат свој простор и содржина, а за еден месец отсега центарци ја добиваат и новата сала „Работнички“ која е симболот на Скопје, којашто не е реконструирана 50 години. Герасимовски, најави и нов дом за стари лица, како и зголемување на еднократната парична помош на пензионерите со ниски примања од 2.500 на 5.000 денари.

„Ние сме тие кои мора да продолжиме да го менуваме Центар и да ги шириме вистинските вредности и принципи. Ајде да продолжиме да работиме за Центар, ајде да победиме за Центар, ајде да бидеме центарот на Македонија. Од срце ве повикувам на целосна мобилизација. Ве повикувам на заедничка работа, со добра мисла и со моќен настап и тим. Ве повикувам да бидеме дел во заедничкиот успех. Од заедничката победа за Центар што го сакаме!“, потенцираше Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања