Герасимовски: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Од:

Синоќа во Дебар Маало беше отворен централниот промотивен штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски. Настанот го посетија голем број граѓани и поддржувачи кои со своето присуство ја потврдија довербата и поддршката за неговата кандидатура за втор мандат.

Во своето обраќање пред присутните, Герасимовски истакна дека ќе продолжи да работи посветено за Општина Центар и за подобар квалитет на живот на сите жители. Тој потенцираше дека заедно со тимот на најдобар покажале како треба да се води Центар.

„Со гордост и со факти кажавме дека во над 90 проценти ја исполнивме нашата програма. Денеска Центар, по мислење на многумина е најдобрата општина во државата. Воведовме нов начин на управување. Слушаме, се консултираме, не има секогаш и насекаде на терен помеѓу граѓаните. Сè што правевме беше единствено за граѓаните на нашиот Центар што го сакаме. Затоа и решив да продолжиме заедно, за да Центар биде уште подобар“, рече Герасимовски.

Герасимовски, изјави дека ги има резултатите, програмата, но и енергијата и емоцијата. Тој ги повика сите центарци да продолжи новата испишана приказна во Центар.

„Од срце ве повикувам на целосна мобилизација. Ве повикувам на заедничка работа со добра мисла. Ве повикувам да бидеме дел од заедничкиот успех, од заедничката победа за Центар што го сакаме. Да живее Центар, за победа!“, порача Герасимовски.

Денеска, кандидатот за градоначалник Горан Герасимовски ќе биде со жителите на Кале, каде што ќе разговара за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на општината.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!