Герасимовски: Преку „Екопикник“ ги промовираме и поддржуваме домашните производители

Од:

Во Паркот на франкофонијата првпат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот беа македонски производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна. Во музичкиот дел на манифестацијата настапија децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамлот „Кочо Рацин“ информираат од Општина Центар.

„Со гордост можам да кажам дека Општина Центар вложува многу во заштита и минимизирање на негативните влијанија врз економската состојба на нашите семејства. Тоа го постигнуваме преку креирање програми и проекти посветени на семејствата. Токму тука во текот на вчерашниот ден доделивме 130 решенија за финансиска поддршка на семејствата со новороденче. Ова е само еден дел од помошта што Општина Центар ја доделува со цел заштита на семејствата. Исто така Општина Центар силно инвестира во градинките и училиштата и вложува во нови објекти бидејќи ги вреднува нашите деца и нивната иднина“, изјави Герасимовски.

Општина Центар преку денешната манифестација ЕКОПИКНИК, поттикнува дружење и забава, во насока на негување и зачувување на македонската гастрономска традиција и култура. На овој начин општината ги поддржува и малите локални екопроизводители кои денес ги промовираат своите гастрономски иновации се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он