Герасимовски: Поддршката од САД е клучна за развојот на нашата земја

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари средба со претставникот на Стејт Департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Како што информира Општината, на средбата се разговарало за актуелната состојба во регионот и во државата, но и за тоа како локалната самоуправа придонесува во евроатлантската интеграција. Високиот американски дипломат укажа дека Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО и потсети на стратешкиот дијалог што САД го имаа со Северна Македонија во јуни во Вашингтон. Поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер е од клучно значење за развојот на држава.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски е во 10-дневна посета на Соединетите Американски држави организирана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Во Вашингтон Герасимовски е со колеги политичари од Хрватска, Унгарија, Кенија и Боцвана каде ги претставува политиките на државата.

Во текот на вчерашниот ден Герасимовски учествуваше во предавањата каде главна тема беа медиумите и нивната улога во политиката.

Предавањата ги одржа Џасмин Рајт, репортерка во CNN задолжена за случувањата во Белата куќа, а предавања одржаа и локалните советници од општини во државите Мериленд и Вирџинија, кои по завршувањето на посетата во САД, ќе бидат применети во секојдневна работа на општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата