Горан Герасимовски од СДСМ прогласи победа во Центар. Според неговите податоци, тој има 2000 гласа повеќе од неговата противкандидатка Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ. Во објавата, пишува дека од утре почнува со работа.
„Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓаните кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отоврена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и подигаме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден“, напиша Горан Герасимовски од СДСМ.