Герасимовски: Обезбедуваме 260 нови паркинг места во Капиштец и резидентни паркинзи за центарци

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на трибината „Заедно можеме“ од ООУ „Киро Глигоров“ зборуваше за проектот продолжување и изградба на катна гаража на улицата „Народен Фронт“ со капацитет од 260 возила, известува општината.

„Во процедура е нов паркинг во Капиштец. Со самите истражувања ги детектиравме проблемите по населбите и најкритични се Дебар Маало, Капиштец и населбата Буњаковец. Во Капиштец планираме да ја отпочнеме новата катна гаража тоа ќе биде на улицата Народен фронт, продолжение на онаа монтажна гаража со капацитет од 260 паркинг места. Ова е еден од поскапите и капитални проекти коишто го планираме да го отпочнеме до крајот на годината, а да го реализираме до средина на следната година“, изјави Герасимовски.

На трибината Герасимовски во присуство на општинската администрација зборуваше и за другите проекти кои беа реализирани во годината која изминува како изборното ветување на пензионерите и отворениот пензионерски клуб во трговскиот центар Беверли Хилс, реконструираното детско игралиште, мрежната инфраструктура на неколку улици и други проекти.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата