Герасимовски: „Ленинова“ ќе добие атмосферска канализација, ново осветлување и 134 резидентни паркинг места

Од:

Со ново проектно решение за ул.„Ленинова“ во Општина Центар е предвидено да се постави атмосферска канализација, ново осветлување и 134 резидентни паркинг места

-Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вчера вечер оствари средба со граѓаните од „Ленинова“, која треба да се реконструира напролет. Идејното решение за улицата е во крајна фаза, поради што Герасимовски ги покани граѓаните да го погледнат заедно и да ги кажат своите ставови. Жителите од „Ленинова“ се задоволни од проектното решение, кое нуди поставување на атмосферска канализација, ново осветлување и 134 резидентни паркинг места, информираа денеска од општината.

-Идејното решение за улица ‘Ленинова’ го направивме според вашите потреби и барања кои ги лоциравме на маалските средби во предизборниот период, а тоа е паркирањето. По реконструирањето, улицата која сега е под надлежност на ЈП Градски паркинг, ќе припадне под ЈП ПОЦ, преку кое обезбедуваме 134 резидентни паркинг места. Проектот кој вечерва го презентиравме има џебови за паркирање за 134 возила, ново улично осветлување и атмосферска канализација, изјави Герасимовски.


Тој исто така напомена дека реконструирањето на улицата ќе започне напролет, поради тоа што моментно се изведуваат градежни зафати на екипите од ЕВН, кои поставуваат кабли за засилување на електричното напојување.

Улицата „Ленинова“ ќе се реконструира во делот од булевар „Партизански Одреди“ до улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, градежните зафати се однесуваат на површина од 6720 метри квадратни и ќе чинат 5371 денари по метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата