Герасимовски: Ја подигнавме значително хигиената во општината, но допрва следат големите промени

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со општинската администрација вчера ја одржаа втората трибина “Заедно можеме”.
На трибината која се одржа во ООУ “Димитар Миладинов” Герасимовски зборуваше за хигиената и одржување на јавните површини информираат од Општина Центар.

“Годината што изминува организиравме неколку големи акции за чистење низ неколку локации во општината. Само во Крњево беше отстранета депонијата од повеќе од 700 гуми за автомобили. По 10 години општинската администрација искористувајќи ја целата механизација и нешто повеќе од 10 дена го исчисти и каналот кај т. н. шеста управа кај МВР и активно чистеше на локациите каде најчесто има зачестено и зголемено количество смет”, истакна Герасимовски.

Акции за чистење како што напомена Герасимовски беа спроведени и околу зеленото пазарче како клучна точка за редовно одржување на јавната хигиена но и сите други населби во општината.

Со овие активности, истакна Герасимовски на трибината јавната хигиена во општината е значително подигната за што и ангажманот на хигиеничарите добија пофалба на првата трибина во населба Пролет.

Следните трибини “Заедно одлучуваме” градоначалникот Герасимовски и раководителите на сектори ги продолжуваат во основните училишта Киро Глигоров и „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата