Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен, на Водно каде се забележани градежни дејствија.

Станува збор за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме не почитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие“, рече Герасимовски на Водно.

Герасимовски повторно потсети сопствениците да парцелите на Водно да не се излетуваат и ги прекршуваат законите. Онаму каде не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата