Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства

Од:

Младите семејства и младата популација се столб на здрава заедница, затоа Општина Центар вложува во образовната и социјалната инфраструктура за да обезбеди достапна и сигурна грижа за децата, истакна кандидатот за градоначалник Горан Герасимовски на средбата со универзитетскиот професор и раководител на Институтот за социологија, Ило Трајковски.

Герасимовски посочи дека по шест децении е изградена градинката „Пролет“ со капацитет од 170 деца, објект по скандинавски стандарди, а во план е изградба на уште една градинка со 100 места близу Клиничкиот центар.

„За да им излеземе во пресрет на младите семејства, воведуваме двосменско работење до 22 часот во градинките. Да потсетам дека месечната цена е само 1.490 денари по дете, значително пониска од онаа во приватните установи. Ова се конкретни мерки, а не празна реторика за вистинска поддршка на младите семејства”, рече Герасимовски.

Герасимовски и професорот Трајковски разговараа и за другите социолошки аспекти на младите во општеството, со акцент на вандализмот како сериозен проблем.

Истакнаа дека преку воспитувањето, образованието, но и воведување општествено корисна работа за младите, треба да се развие чувство за одговорност и почит кон јавното добро.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски