Герасимовски: Дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост

Од:

„Донација која доаѓа од срце – Подари живот“, со оваа порака Општина Центар го одбележа 17 март – Денот на формирање на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството.

Доброволното дарување крв претставува највисок чин на хуманост и алтруизам со единствена цел, да се мотивираат што поголем број на луѓе да даруваат крв за да можат да се соберат потребните количини крвни единици и да се спасат човечки животи.

Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски им додели благодарници на 14 истакнати крводарители со најголем број дарувања за 2022-ра година, во присуство на претседателот на Црвениот крст на ОО Центар, Ивица Бошков и секретарот на Црвениот крст на ОО Центар, Валентина Колеска.

За доброволно дарување крв и покажана хуманост и промоција на крводарителството, признание доби и градоначалникот Горан Герасимовски, кој во оваа прилика на младите сограѓани им порача да се придружат кон хуманото семејство, дарувајќи крв и покажувајќи солидарност на дело.

По опоравувањето од КОВИД 19 пандемијата, особено радува фактот што Општина Центар на ниво на државата е трета по дарување на крвни единици. Градоначалникот им честиташе за признанијата на активистите и хуманистите, на крводарителите и на волонтерите од Црвениот крст – Општинска организација Центар за континуирано делување во нивната благородна мисија.

„Доброволното дарување претставува израз на високи хумани, морални и етички вредности, а секоја капка крв е драгоцена и може да спаси нечиј живот. Општина Центар има долгогодишна традиција во организирање и спроведување на крводарителски акции во соработка со Црвениот крсти ви порачувам хуманоста да ви биде поттик и мотивација за понатаму, кон постигнување на уште повисоки резултати на планот на крводарувањето“, изјави Герасимовски.

Градоначалникот Герасимовски истакна дека во иднина Општина Центар ќе дава поддршка и на други социјални и хуманитарни проекти во организација на Црвениот крст, сѐ со цел подигнување на јавната свест на граѓаните околу хуманоста и хуманите гестови. На присутните крводарители им беа доделени пригодни подароци, меѓу кои и слика од уметникот Живко Поповски – Цветин, првиот претседател на Црвениот крст во нашата земја.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он