Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“.

Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна демократска заслуга на градоначалникот. Граѓаните можат да дадат забелешки, но конечната одлука не ја носат тие.

Спорниот нацрт-ДУП за Барутана веќе доби политичка поддршка во Советот на Општина Центар од широката коалиција СДС-ДПМНЕ, а сега задолжителната законска процедура се претставува како доказ за некаква посебна транспарентност и демократичност. Не може прво да се крене рака за планот, а потоа јавната анкета да се продава како доказ дека граѓаните се тие што одлучуваат.

Суштинското прашање е: кој е јавниот интерес од изградба на 25 објекти на падините на Водно и отворање простор за десетици илјади квадратни метри нова градба?

Ако Герасимовски навистина верува дека граѓаните треба директно да одлучуваат, тогаш нека оди чекор понатаму и нека распише локален референдум за ДУП-от за Барутана. Наместо граѓаните да доставуваат забелешки за план за кој конечната одлука ја носат институциите, нека им се даде можност непосредно да се изјаснат дали го поддржуваат овој ДУП. Ако планот е навистина во јавен интерес, нема од што да се плаши од директниот глас на граѓаните, наведуваат од Левица.

Затоа, Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана – еднаш засекогаш граѓаните да добијат политички механизам со кој ќе можат да ѝ се спротивстават на градежната мафија и на партиско-бизнис интересите што го бетонираат Скопје.

СДСМ и ДПМНЕ можат да се преправаат дека се политички противници, но кога станува збор за профитот од градежниот бизнис и распарчувањето на градот, нивната широка коалиција функционира беспрекорно. Затоа, за Барутана нека се изјаснат граѓаните – а не градежните моќници и нивните партиски покровители, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело