Герасимовски: 63 ученици од социјално загрозени семејства добиваат бесплатни стоматолошки услуги

Од:

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје овозможи бесплатни стоматолошки услуги за сите деца од сите осум основни училишта во општината кои спаѓаат во социјално ранливите категории.

„Преку оваа соработка, Општина Центар сака да им помогне на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата добија и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите со кои го победуваат стравот од одење на забар“, изјави Герасимовски.

На денешниот Светски ден на оралното здравје, Општина Центар информира дека за оваа услуга која дечињата ја добиваат на Стоматолошкиот факултет, Општина Центар издвои 50.000 денари, а факултетот на децата им подари пригодни подароци со прибор за редовно одржување на оралното здравје.

Покрај овој проект, Општина Центар обезбедува стоматолошки услуги и за сите други ученици од 1-во одделение од сите основни училишта, како и за децата од возрасните и средни групи во градинките.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов, нема ниту градежен инспектор да ги брои

А1он

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он