Георгиевски: Тодор Петров ме дочекуваше гол како Прометеј

Од:

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, го враќа ударот на претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров. Георгиевски во интервју за „Фокус“ вели дека вистинскиот проблем на Тодор Петров со Љубчо Георгиевски не е ниту историјата, ниту политиката. Мислам, вели дека се работи за „емотивен проблем“ кој го има Петров со него.

„Во 1993 година, живеевме во иста зграда со Тодор Петров. Тој тогаш се обидуваше да се приближи до ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш почна често да ме кани на кафе, за да ги погледнеме амандманите што тој често ги поднесуваше. Проблемот почна кога на тие консултации почна да ме дочекува гол како Прометеј, со само една крпа на појасот, со образложение дека штотуку се истуширал. Тоа се случи едно три пати. Мислам дека уште тогаш на Тодор Петров му дадов јасно на значење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров“, вели лидерот на ВМРО-Народна, во интервјуто за неделникот „Фокус“.

Георгиевски не е загрижен за најавата,пренесена преку интернет, дека Груевски дал налог за негово апсење.

„Можете да ме упасите и мене, но не можете да ме запрете. Мојата борба за Македонија нема да запре во никој случај“, му порачува на Груевски.

И МПЦ, вели лидерот на ВМРО-НП, стана жртва на полуписмените, неписмените, најдивите, најбезобразните, а најнеписмениот владика, најдивиот ја диктира политиката во црквата. Георгивески бара МПЦ да се изјасни дали македонците се словени или немаат ништо заедничко со нив. Кротките владици вели, се повлекуваат пред примитивците.

Говорејќи за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, тој посочува дека ДПМНЕ повредила многи вмровци. Поради стравот, вели, од 60.000 гласачи на десницата е затворен Љубе, па се обидуваат да ја растурат ОМ, како што тоа се обидоа со ВМРО-НП преку Марјан Додовски.

Во ВМРО-ДПМНЕ според Георгиевски има три струи, едната бугарофилска со Милошоски, Ѓорчев, Бонева, втората просрпска, со Ѕинго, Латас, Мирка, Миленко, Томиќ и третата, која, вели, се интересира за историјата како за ланскиот снег, со Ставревски, Јанкуловска И Пешевски, а Груевски е некаде меѓу втората и третата група.

На власта и порача да не се плашат дека тој се бори за некаква позиција, вели дека се бори за принципи и затоа му е важно да каже со кого не е. Правиме победничка коалиција, вели Георгиевски. Посочува дека во Македонија има полоша демократска атмосфера од крајот на комунистичкиот систем.

„Ви гарантирам, дека после 4 години, оние што денес ја подржуваат цврстата политика на Груевски за името, ќе го зачуваат епитетот на многу големи патриоти, ама за жал без ум“, вели во интервју за „Фокус“, лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Љубчо Георгиевски во интервјуто за неделникот „Фокус“ открива дека има сомнеж оти владата на премиерот Никола Груевски има таен договор за компромис со Грција.

Георгиевски во интервјуто признава дека го сменил своето мислење дека Груевски никогаш нема да прифати компромис за името.

 

 

Би можело да ве интересира

Љубчо Георгиевски: Влеговме во голема дипломатска замка

Ана Ололовска

Георгиевски: Да читаме историја од различни извори, така ќе дознаеме каде ни се пријателите, каде непријателите

Ана Ололовска

Георгиевски: Иванов го гази Уставот, мора да го даде мандатот

Ана Ололовска

Георгиевски: Роби Телекабел од маалски бизнисмен направи моќна фирма по концесиите од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Георгиевски: За Македонија најважни се ЕУ и НАТО

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Конвенција на ВМРО за Македонија: Изворната идеја и луѓе на ВМРО се овде и никаде на друго место

А1он