Георгиевски: Се е сконцентрирано во Скопје, а другите градови направија да умираат

Од:

Претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски на вечерашниот митинг во Битола ги повика граѓаните да го поддржат „Сојузот за иднината“.

Дваесет години вежбаме демократија и знаете дека локалните избори не се само избор на градоначалник, туку на локалните избори се кажува и вашето размислување како централната власт ја управува Македонија. Две години во Македонија во сите градови преку моите пријатели сите се жалат, земјоделци, занаетчии, приватни бизнисмени кои се срушени со казни, покрупни бизнисмени, лекари кои се понижени, луѓе од високото образование. Ако е тоа така, кога ќе го дадеме одговорот ако не на 24 март – рече Георгиевски.

Тој повика масовно на 24 март граѓаните да го кажат тоа што го зборуваат притаено со пријателите.

Над половина милијарда евра се дадени за Скопје 2014. Понекогаш се прашувам како не се соберат граѓаните од внатрешноста да се спротивстават на тој проект, се е сконцентрирано во Скопје, а другите градови направија да умираат – посочи претседателот на ВМРО-НП.

Тој додаде дека податокот за бруто домашниот производ кој е во негативен процент, проследен со многу долгови, говори за тоа што е направено и какви дела направила власта.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме