Георгиевски: Отворање на граничниот премин Клепало кон Бугарија

Од:

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска пред граѓаните на Берово ја презентираше својата изборна програма.

Лидер на ВМРО НП Љупчо Георгиевски истакна дека прв приоритет во нивната програма за Берово е отворање на граничниот премин Клепало со соседна Бугарија.

– Во Берово е непоправлив фактот дека веќе 15 години откако го направивме патот за соседна Бугарија, сѐ уште овој пат е на слеп колосек, пат кој не завршува никаде и не продолжува за Бугарија. Тоа ќе биде наш прв приоритет, да се отвори граничниот премин за Бугарија што ќе отвори многу можности и ќе донесе повеќе туристи и гости во Малешевијата, потенцираше Георгиевски.

Тој ги потсети граѓаните на Берово дека во мандатот додека тој бил премиер, немало ни едно евро од казни на малите и средни фирми.

– Им ветуваме на граѓаните дека ќе ја вратиме нашата економска политика. Сакам да ги постетам граѓаните на Малешевијата на периодот од 1998-2002 кога се градеше низ цела Македонија, во Берово и Делчево и колку работи се направија по селата. Во таа насока ќе биде и нашата политика, која заедно со едно ослободување на бизнисот ќе донесе добри резултати, рече Георгиевски.

Љубе Бошковски истакна дека оваа Коалиција има јасна визија за иднината на Македонија. – Знаеме како да ја вратиме Македонија од погрешниот пат по кој тргнала. Ние сакаме Македонија да ја кренеме на нозе и да направиме од неа пристојно место за живеење, рече Бошковски.

Носителот на кандидатската листа за пратеник во третата изборна единица од Коалицијата ВМРО за Македонија, Стојанче Ангелов, потенцираше дека ќе се бори за правата на бранителите, полицајците и припадниците на АРМ.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ