Во врска со изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дадена за одредени медиуми а во врска со македонската криза во 2001 година, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски го изјави следното:
Со Али Ахмети првпат имам разменето неколку збора на 10-годишнината од одбележувањето на Рамковниот договор. Значи од тие причини не сум можел ништо директно да разговарам со него во десетте години пред тој настан.
Што се однесува до неговото видување на идејата за трампа на територии и население, претпоставувам тој можел да се информира од други учесници во преговорите околу Охридскиот рамковен договор или пак од медиумите затоа што, за истата тема тогаш доста се зборуваше и пишуваше во македонските медиуми.