Георгиевски: Наши аргументи се претходната работа и новата програма

Од:

Лидерите на ВМРО-НП и на Обединети за Македонија, Љубчо Георгиевски и Љубе Бошкоски од Коалицијата ВМРО за Македонија денеска имаа средби со граѓани на градскиот плоштад во Куманово.

Бошковски истакна дека Коалицијата го продолжува победоносниот од.

– Ние на овие избори победуваме, а победата е најмалку 15 пратеници, кои ќе одлучуваат за судбината и идната влада на Македонија, рече Бошкоски.

Лидерот на ВМРО-НП Георгиевски истакна дека нивните аргументи се нивната претходна работа и новата програма. Според него, во перидот од 1998-2002 се покажале како луѓе кои знаат да ја бранат Македонија и дека ниту еден од политичките претставници ги немало во 2001 кога, вели, на Македонија и беше најтешко. Порача дека власт без баланс на силите се злоупотребува, а ова се избори, како што рече, за победа на демократијата.

Пред присутните се обрати и носителот на изборната листа на коалицијата во втората изборна единица Љупчо Балкоски, кој истакна дека овие избори не се за директори на комунално претпријатие, туку избори кои треба да ја вратат Македонија на, како што рече, нормалниот колосек, на патот кон ЕУ и НАТО и обезбедување квалитетен начин на живеење. – ВМРО за Македонија може да го обезбеди тоа, нагласи Балкоски и изрази надеж дека граѓаните тоа го препознаваат во нивната опција.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он