Георгиевски: Ако не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ може да експлодира

Од:

Колку и однадвор да изгледа монолитна, на ВМРО-ДПМНЕ може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа нема да остане ништо. Тешко ќе се извлече од таквата ситуација, ако не промени нешто“, вели за Призма поранешниот лидер на партијата, Љубчо Георгиевски, во пресрет на нејзиниот 26-ти роденден.

Промените кои ја сменија насоката на партијата, не ги врзува со познатите настани од „Панорама“ (2004 година) туку со неговото повлекување од функцијата во 2002 година.

„Решив да се повлечам од лидерската позиција, затоа што проценив дека тешко ќе можам да се борам со македонската медиумска јавност и со меѓународниот став кон мене. Направив саможртва, која подоцна никој не ја ценеше“, вели Георгиевски за Призма.

Но, „мангупите“ во партиските редови, кои тогаш не го почитувале неговото саможртвување, денес се наоѓаат во уште покомпликувана ситуација.

„Денешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има добар пример во мојата постапка – со оставката на функцијата. Бидејќи, како и да ги гледате работите, ВМРО-ДПМНЕ денес е во многу критична и тешка состојба. Колку и партијата однадвор да изгледа монолитна, може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа ништо нема да остане. Ќе навлезе во тотално распаѓање. Балканот е полн со такви примери. Партијата тешко ќе се извлече од таквата ситуација, ако не промени нешто“, смета бившиот лидер на ВМРО- ДПМНЕ.

Не посочува имиња на лица кои би можеле да ја реформираат и предводат партијата.

„Тешко ми е да издвојувам имиња. Самата политика може да произведе и препорача добри личности“, вели тој.

Но, пред повеќе од една деценија не се воздржа да типува на Никола Груевски како негов наследник на лидерската позиција.

„И тогаш кога застанав зад Груевски, многумина воопшто не гледаа лидер во него. Но, еве, се покажа дека сум погодил со изборот. Ако целта на една партија е да ги добие изборите, тој тоа успешно го правеше изминатите години“, вели бившиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста