Георгиевска: Ја зголемуваме минималната плата на 18.000 денари, платите растат во сите сектори

Од:

Од следната недела минималната плата ќе изнесува 18.000 денари и ќе биде за двојно повисока од минималната плата од 2017 година кога во одредени сектори изнесуваше 8.800 денари. 80.000 работници од април ќе добиваат плата поголема за 3.000 денари од досегашната, а повисоки примања ќе имаат и оние работници кои досега добиваа 16 или 17.000 денари плата рече на прес конференција паратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

– Платите растат во сите сектори. Во Министерството за внатрешни работи следува покачување на платите од пет отсто, а значително повисоки плати денес добиваат докторите, медицинските сестри, негувателките и воспитувачките во градинките, вработените во образованието и одбраната. Растот на платите во сите сектори придонесе просечната плата за јануари оваа година да изнесува рекордни 29.980 денари, што е остварување на ветувањето за просечна плата од 30.000 денари или 500 евра. Во период кога светската економија се соочува со последици и неизвесност, растот на платите, на пензиите, мерките за помош на стопанството покажуваат дека македонската економија е стабилна и конкурентна вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата