(ВИДЕО) Георгиев: Груевски и Ахмети како мали деца си играат со оган и креираат тензии

Од:

СДСМ, на седницата за пратенички прашања му укажа на премиерот Никола Груевски, дека  коалицискиот  партнер ДУИ, поставувајќи незаконски знаме во кичевско и споменик на Адем Јашари во Радуша на тенк на АРМ е   провокација.

„Изјавата на Ахмети дека никој не смее да ги симне знамињата  е чин на политичка провокација. Не може за тендери и фотељи, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ да функционира перфектно, а кога се работи за вакви суштински прашања да не можат да се договорат. Има перцепција дека сте како мали деца кои си играат со оган. Ве молиме покажете визија, и почнете да ги решавате меѓунационалните односи“, рече Гордан Георгиев.

Го праша премиерот дали мисли јавно да седне со Али Ахмети, но не на онаа маса на која сложните попови и во петок мрсат или за делење тендери, туку маса на која навистин а ќе се договорат.

Груевски одговори и потсети на случаите од Бит пазар, Шемшево, Радолишта, од пред десетина и повеќе години кога СДСМ бил на власт.

„Ние редовно разговараме со коалицискиот партнер. И не креираме тензии. Тоа се предизвици кои се случувале и во минатото. Живееме во држава со повеќе етнички заедници“, одговори премиерот.

„Недозволив е вакон несериозен одговор, враќањето во минатото не може да ве амнестира, вие ги креирате и Али Ахмети тензиите“, рече Георгиев, и повторно праша дали Груевски ќе седне да се договори со Ахмети заради сите граѓани и добрите меѓуетнички односи.

Груевски со ист одговор, дека такво работење е начин на владеење на СДСМ, а нивна преокупација се решавање на економијата и подобрување на животот.

Од видеото како течеше дебатата меѓу Георгиев и Груевски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски