Георгиев: Власта е забегана!

Од:

Власта тотално е забегана – вака потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев коментира што во буџетот нема пари за надгробен споменик на вечното почивалиште на Тоше Проевски, а вчера им било дадено и отказ на вработените од спомен куќата на македонската поп ѕвезда.

„Ова лудило на трошење буквално на глупости, и за Скопје 2014, и за мостови и за разно-разни „приоритети“ за Владата, мислам дека веќе ги доживува крајните граници и мојот единствен коментар е забеганост.

– Кога тие не можат да овозможат минимални финансии за нашиот починат великан Тоше Проески, тогаш очигледно дека и Никола Груевски и владејачкото мнозинство живеат во некој друг, виртуален свет кој што не е наш и не е оној кој што ние го живееме во Република Македонија“ – изјави Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?